Две лица починале, а 120 се повредени во експлозија на плинска боца во еден ресторан во Абу Даби, соопшти полицијата на Твитер. Во експлозијата се оштетени и неколку продавници.
Неколку фасади од блиските објекти и продавници се оштетени, а четири згради се евакуирани, соопшти полицијата. На фотографиите кои ги објавија локалните медиуми се гледаат остатоци од стакло и рушевини на тротоарите.
Екипите за цивилна одбрана работат на гаснење на пожарот, пишува Ројтерс, пренесува Танјуг.
📸