Жена на возраст од 74 години е тешко повредена кога во неа удри камион во кругот на Клиничкиот центар. По несреќата таа била згрижена во Клиниката.

„Вчера во 13.30 часот на сервисна улица во круг на комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, товарно возило „мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(53) од с.Крушопек, скопско, удри во пешакот А.К.(74) од с.Неготино, општина Врапчиште.

По несреќата, на А.К. во Комплекс клиники „Мајка Тереза” ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.