Холивудскиот актер Роберт де Ниро доживеа семејна трагедија. Неговиот внук Леандро Де Ниро Родригез почина на 19-годишна возраст.
Имено, ќерката на познатиот актер Дрен Де Ниро на Инстаграм објави фотографија од својот син со емотивна порака.
– Мојот прекрасен, сладок ангел. Те сакав повеќе од сè од моментот кога те почувствував во мојот стомак. Ти беше мојата радост, моето срце и се што беше чисто и реално во мојот живот. Посакувам да бев со тебе во моментов. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да продолжам и да ја ширам љубовта и светлината што ме натера да ги чувствувам кога станав твоја мајка. Беше толку сакан и посакувам таа љубов да можеше да те спаси. Многу ми е жал – напиша Дрена со фотографија од синот.
Актерот и неговото семејство се уште не соопштуваат што ја предизвикало смртта на младиот човек.
Дрена е најстарата од седумте деца на Де Ниро, а нејзината мајка е актерката Дијана Абот, првата сопруга на Де Ниро.
Дрена го роди Леандро во бракот со уметникот Карлос Маре.
Леандро, како и неговиот дедо и мајка, ја наследи љубовта кон актерството и се појави во неколку филмови.