Обидот на тројца млади луѓе да направат селфи на железнички шини во Чикаго, САД, имал драматичен крај со тоа што двајца од нив завршиле во болница во тешка состојба откако добиле струен удар. На видеото се гледаат тројцата млади луѓе како седат на шините (иако е забрането), несвесни дека низ шините минуваат 600 волти струја.
Меѓутоа, во одреден момент едно од нив, младо момче, се „потресува“ од струјата, а истото по неколку секунди ја снаоѓа и девојката до него.
Според локалните власти, сите тројца млади се на возраст од околу 20 години.
Како што може да се види на видеото, третиот од невнимателната група се обидел да ги тргне момчето и девојката од шините, што на крајот успеал со помош на други очевидци.
Инцидентот се случил попладнето на 5 август, при што момчето кое прво беше погодено од струјниот удара во критична состојба требало да биде хоспитализирано.
Девојчето исто така било тешко повредено, но останало свесно кога пристигнале спасувачите и нејзината состојба од ден на ден се подобрува.