





Тешка сообраќајна несреќа во која учествувале три возила се случила околу 21 часот во белградската населба Алтина. Со оглед на состојбата на возилата, вистинско чудо е што во сударот нема повредени.
Според медиумите, до несреќата дошло кога возачот на црното „ауди“ поради вртење со голема брзина поминал на црвено светло, по што преминал на тротоарот, а потоа удрил во други два автомобили што се нашле на лице место во тој момент.






Причинета е голема материјална штета на автомобилите. Од сите три автомобили, дефинитивно најлошо поминало „Аудито“, кое е буквално преполовено.
Возачот на „аудито“ кој ја предизвикал несреќата го оставил уништениот автомобил и побегнал од местото.
📸
📸
📸
📸
📸
🎥