Страшна тепачка имало синоќа во ноќен клуб во Штип, повеќемина се повредени,а осуммина побарале лекарска помош во болница, објави МНЕТ.
Во тепачката учествувале лица од Кочани и од Штип, покрај повредените причинета е и значителна материјална штета. Силите си ги пресметале и со употреба на тврди предмети и ладно оружје. Во штипската болница на преглед се јавиле осум лица, од кои пет ноќеска и уште три од утринава. Тие биле прегледани на одделот за ортопедија и хирургија, биле со лесни повреди и се пуштени на домашно лекување, информираат од болницата. За страшната тепачка сведочат и искршени стакла на приватен објект во близина на ноќниот клуб како и траги од крв. На лице место вчера биле и Брзата помош Штип и полициски службеници од СВР Штип.
Тепачка меѓу две групи од Кочани и Штип се случила утринава околу 3 часот во близина на ноќен клуб во Штип. Осумина кои учествувале во физичката пресметка побарале здравствена помош во Клиничка болница-Штип. Петмина од повредените помошта ја побарале веднаш по пресметката, а тројца утринава.
Од Клиничка болница-Штип информираат дека се прегледани од страна на лекари на Oдделенијата за ортопедија и хирургија. Повредените се здобиле со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување.
Од СВР-Штип потврдуваат дека работат на расчистување на случајот, кој во моментов се води како тепачка. Информиран е и јавен обвинител, а на распит се повикани неколку лица, за да се расчисти овој случај. За физичката пресметка меѓу двете групи од Кочани и Штип денеска сведочат и трагите од крв, а на полицијата и се познати учесниците во овој инцидент.