Шест лица, меѓу кои има четири деца, загинаа во пожар во двокатна приватна куќа во село во Јакутија, источен Сибир, соопшти регионалното обвинителство.
Деца на возраст од 1, 4, 5 и 10 години загинаа во пожарот, поради што отворен е случај за предизвикување смрт од небрежност, известија од регионалното истражно одделение.
– На 13 февруари 2022 година, околу 8 часот наутро, истражните органи добија порака за смрт на четири мали деца како последица на пожар што се случи во една приватна куќа. Истрагата утврдила дека при гаснењето на пожарот спасувачите „пронашле тела на четири мали деца, на возраст од – 1 година, 4, 5 и 10 години, објавуваат медиумите.
Според првите информации, пожарот бил предизвикан од печка или краток спој во електричните инсталации, пренесува РИА Новости.