Страшна трагедија се случи на Мајорка кога девојче (11) загина по пад од хотелска тераса во едно од популарните одморалишта во оваа шпанска дестинација.
Детето паднало од седми кат, односно од над 20 метри височина, а како дошло до несреќата се уште не се знае. Девојката по потекло од Ирска била на одмор со родителите на популарната туристичка дестинација.
Според медиумите, семејството требало вчера да го напушти хотелот и да се врати во Ирска, но трагичниот настан се случил рано утрото околу 6 часот. Во моментот на трагедијата родителите спиеле во собата.
Девојчето паднало од терасата право на настрешницата на ресторанот на приземје. Веднаш по падот, спасувачите пристигнале во хотелот и се обиделе да ја оживеат, но брзо била констатирана смрт.
Според британски Мирор, родителите имаат уште две деца, но не се знае дали тие биле со нив во хотелската соба во моментот на несреќата.
Инаку, Мајорка со години има проблем со падовите од тераса, кои главно се поврзани со акробации кои ги изведуваат млади луѓе во алкохолизирана состојба. Ваков случај немало како што се случил вчера.