Двe млади момчиња од Херцег Нови, родени 2002 година, загинаа во сообраќајна несреќа на главниот пат Котор – Рисан во Црна Гора, соопшти ОКЦ на Полициската управа.

Уште две млади лица се тешко повредени, јавуваат црногорските медиуми вечерва.

– Во 18.35 часот во Костањица на магистралниот пат Котор – Рисан-Херцег Нови се случила сообраќајна незгода во која две лица загинале, а две се повредени, соопштија за порталот РТЦГ од Оперативниот комуникациски центар на црногорската полиција.

Во несреќата учествувале две возила. Неофицијално, во прашање се возила „Голф 5“ со таблички од Херцег Нови и Волксваген „Кади“ со подгорички регистерски ознаки.

📸