Триесет и четири годишна жена од Битола почина во несреќен случај во својот дом. Таа во бањата синоќа се затрула со плин.

Семејството веднаш повикало итна помош, по што без занци на живот е префрлена во Клиничката болница во Битола. Безуспешни биле обидите на лекарите да ја реанимираат младата жена.

Од Полицијата денеска соопштија дека кај нив случајот е пријавен нешто пред 10 часот кога 34 годишната битолчанка била донесена во болницата почината, но без видливи траги на насилство.

Увид извршија полициски службеници од СВР Битола. По наредба на обвинител извршена е обдукција, а првичниот наод е дека таа се затрула со јаглерод моноксид, потврдија за Телма од Битолската болница.