Вчера попладне во Скопје малолетно дете починало откако било искасно од кучето на неговиот сосед, извести МВР.
-На 11.04 Во 18,25ч. од ГОБ„Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г.
Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од МВР.