Словачка е шокирана од веста дека Борис Садецки, 24-годишен хокеар на Братислава Капиталс, кој почина денеска во болница. Садецки колабираше пред неколку дена на мечот на словачкиот клуб против Дорнбирн во ИЦЕХЛ лигата.

– Со тага во нашите срца и жалење, ја објавуваме смртта на нашиот играч Борис Садецки. Изразуваме длабоко сочувство до семејството и пријателите. Во овој момент нема да објавуваме повеќе информации без консултациите со семејството на Борис, објави клубот на социјалните мрежи.

Натпреварот од 14. коло помеѓу Дорбирн и Братислава беше прекинат со резултат 1:0 за домашната екипа на почетокот на вториот период, откако Садецки ненадејно колабираше. На мразот веднаш му била дадена брза помош, а потоа го пренеле во болница од каде подолго време немало информации за неговата здравствена состојба.

Директорот на клубот Душан Пашек тогаш објави дека состојбата на Садецки е стабилна, но тешка, а денеска младиот хокеар почина.

Садецки е роден на 20 април 1997 година во Тренчин, каде долги години настапуваше за Дукла, а потоа и за Слован Братислава.