Страшна трагедија се случила на Божиќ кога мајка (39) од Германија со непознат алат ги убила двете малолетни деца на возраст од шест и седум години.

Откако ги убила децата, жената се обидела да се самоубие.

Хоророт се случил околу 3 часот и 30 минути на Божиќ, а полицијата за трагедијата ја известил сведок. Подоцна ја пронашол повредената жена во семејната куќа во областа Розенхајм во Баварија.

Неколку патролни возила веднаш се упатиле кон куќата на Краинштрасе. Полицијата потоа ја открила Германката и безживотните тела на децата во куќата.

За жал, медицинските служби не успеале да ги оживеат децата, па можеле само да прогласат смрт, пишува Билд.

Оружјето што го користела за време на убиствата засега не е детално опишано, а мајката е префрлена во болница каде што се лекува под полициска придружба.

Според лекарите, состојбата на жената е стабилна, а нема индиции дека во делото е вмешано уште некое лице.

На местото на злосторството, во семејниот дом, има кризни екипи на Црвениот крст кои се грижат за членовите на семејството и полицијата која врши увид.

Засега не е познат мотивот зошто мајката ги убила нејзините две деца.