Девојка (25) вечерва загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу 17:40 часот на обиколницата околу Белград, а уште една жена на возраст од околу 45 години се здобила со тешки телесни повреди.
До судирот дошло кога автобус со полна брзина налетал на возило „фиат пунто“, кое од засега непознати причини стоело во место.
Автомобилот е уништен, а на лице место пожарникарите извлекувале луѓе од возилото.