Четири лица загинаа во Топола (Србија) додека чистеле септичка јама, објави српски Курир, додека „Гласот на Шумадија“ наведува дека во оваа трагедија загинале пет лица.
Станува збор за семејна фарма за свињи.
Како што дознава српски Курир, под сè уште неразјаснети околности, луѓето паднале во септичка јама во свињарскиот објект додека се обидувале да ја исчистат и починале.
Полицијата, пожарникарите, спасувачите и медицинските екипи се на местото на настанот.