Во бомбардирањето на Појасот Газа загина фудбалерот Хамди Лубад, член на Ал-Јармук.

Според новинарот Абубакар Абед, Хамди Лубад, заедно со неговата сопруга и четирите деца, поточно четири ќерки, биле жртви на израелското воздушно бомбардирање на нивниот стан во Појасот Газа.

– Лубад е дури 303. фудбалер кој загина во овие бомбардирања – истакнува тој.

Да потсетиме дека најмалку 40 лица загинаа, а 60 се повредени во израелски напад врз палестински камп во областа Ал-Маваси во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа.

Цивилната одбрана на Газа објави дека во нападот биле погодени најмалку 20 шатори во кои спиеле раселените Палестинци, пренесува Ал Џезира.

Областа Ал-Маваси, каде што има голем привремен камп за прием на палестински бегалци, израелската армија ја назначи како „безбедна зона“ за време на нејзините копнени напади врз блиските градови Рафа и Кан Јунис.