17-годишно момче вчера загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на скопското село Блаце.

Несреќата се случила кога автобус на ЈСП се судрил со автомобил во кој се наоѓале двајца малолетници.

Во сообраќајката тешко бил повреден и 13-годишниот брат на загинатиот кој веднаш бил пренесен на скопските клиники.