Ракометниот натпревар од Лига Европа меѓу Фухсe Берлин и Кадетен Шафхаузен привлече големо внимание кај спортската јавност, а водечката улога ја имаше репрезентативецот на Србија и поранешен голман на РК Вардар.
Клубот од германската престолнина успеа да се пласира во полуфиналето, откако го совлада Шафхаузен со резултат 30:24, надополнувајќи ја негативата од првиот натпревар.
Средбата беше многу интересна и динамична, имаше возбуда на двете страни. Натпреварот го одбележаа две тешки повреди на ракометарите на Кадетен. И двајцата завршија во болница откако се судрија со голманот на Берлин, српскиот репрезентативец Дејан Милосављев.
Популарниот Банда во во неконтролиран пад по судирот со неговите 135 килограми падна на Лукас Хербургер. Интервенираа лекарите на двата тима, а Германецот мораше да замине во болница на прегледи.
Недолго потоа Дејан Милосављев го собори Швајцарецот со српски корени Зоран Марковиќ, кој од контранапад скокна длабоко во голманскиот простор. Несреќниот Марковиќ незгодно падна и остан да лежи неподвижен.
Многумина го помислија најлошото, лекарите влетаа и успеаја да го вратат во живот Зоран Марковиќ. Во тие моменти беше морничаво да се гледаат случувањата на ракометниот терен. Дејан Милосављев се однесуваше витешки, обидувајќи се да му помогне на несреќниот колега кого ненамерно го повреди.
Судиите веднаш го исклучија Дејан Милосављев, кој ја прифати одлуката. Интересно, при таа интервенција се повреди и самиот Милосављев, бидејќи му настрада левото стапало.
Интервенцијата на Дејан Милосављев и вистинскиот нокаут со нога можете да ги погледнете во следното видео: