Едно лице загина, а најмалку 30 се повредени откако возило влета во толпа луѓе во близина на црква во Берлин, Германија, соопштија властите.

Возилото удрило во луѓе пред меморијалната црква Кајзер Вилхелм во утрово, изјави портпаролот на берлинската противпожарна бригада за Си-Ен-Ен.

Бригадата била известена за инцидентот околу 10:30 часот по локално време.

Не е јасно дали инцидентот бил несреќен случај или намерен напад.

Билд“ пишува дека во несреќата учествувал еден автомобил „рено клио“. Човекот за кој се верува дека е возачот е уапсен. Местото е полно со полицајци и пожарникари.

Несреќата се случила во фреквентен дел од градот полн со продавници, недалеку од местото каде што 11 лица загинаа во сообраќајна несреќа на божиќен панаѓур во 2016 година.

„Мислам дека бевме сведоци на терористички напад овде во Берлин, но не сме сигурни. Има многу луѓе, телата се насекаде, видовме автомобил кој налета по патот и заврши во излог. Ужасно е“, опиша тој.