Затворникот С.Б. кој имал над 70 години, починал во затворот во Падинска Скела на почетокот на февруари годинава.

Според неофицијални информации на српските медиуми, се сомнева дека смртта е последица на силување со рачка од метла, при што биле повредени внатрешни органи на осуденикот.

Обдукцијата ќе ја открие точната причина за смртта.

Според неофицијални информации, починатиот бил во затвор поради издржување казна од 30 дена за прекршување на Законот за јавен ред и мир.

Обвинителството нареди истрага за да се утврдат сите детали за неговата смрт.

Сомнежите се дека бил малтретиран од стари затвореници.

Според неофицијални информации до кои дојде „Блиц“, починатиот С.Б често бил покриен со модринки.

Дали се плашел да ги пријави насилниците?

Меѓутоа, како што се сомневаат, веројатно од страв од одмазда, малтретираниот на лекарите при прегледот им рекол дека паднал сам и не смеел да го пријави насилството.

Управителот е разрешен, седум лица се во дисциплинска постапка