Земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот брег на Јапонија.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, но издадено е предупредување за појава на цунами.
Околу два милиони домови останаа без напојување со електрична енергија, соопшти Токиската електроенергетска компанија (ТЕПКО).
Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на 60 километри под морето.
Земјотресот го погоди истото подрачје како и во 2011, кога потрес со интензитет од девет степени доведе до нуклеарна катастрофа во Фукушима.
Strong M7.3 earthquake rocking Fukushima, this is my desk in Tokyo now – you can hear the whole apartment building shaking. Scary. pic.twitter.com/UiiM7yzmkN
— John Daub (ONLY in JAPAN) (@ONLYinJAPANtv) March 16, 2022
WATCH: Shaking, power outages, and flashes in the sky as 2 strong earthquakes hit central Japan pic.twitter.com/d7z9CsJzvI
— BNO News (@BNONews) March 16, 2022