Како што пишува германски Билд, крвавата драма се случила минатата саботата околу 20.15 часот на автопатот А661 во правец на Офенбах.

На автопатот кај Франкфурт е убиена српската државјанка Тања П.(41) од околината на Лозница, а се сомнева дека жената со неколку убодни рани ја убил поранешниот сопруг, кој наводно не е српски државјанин.

„Трагедијата се случи минатата саботна вечер, кога жената, била пресретната од нејзиниот поранешен сопруг на автопатот во близина на Франкфурт. Тој ја избодел неколку пати со нож во вратот, а таа воопшто не успеала ниту да го напушти возилото“, вели извор на Курир, запознаен со случајот.

Тања П. била во нејзиниот автомобил „опел астра“, а со автомобилот ја следел поранешниот сопруг, кој во еден момент ја престигнал и ја принудил да застане на коловозната лента, а потоа веднаш ја нападнал, пренесува изворот на германскиот медиум и додава дека граѓаните повикале полиција, пријавувајќи сообраќајна несреќа.

Таа била во критична состојба е пренесена во болница, каде ѝ била извршена итна операција, но два дена подоцна им подлегнала на тешките повреди“, велат изворите на „Билд“. Според германските медиуми, осомничениот веднаш бил уапсен и приведен.

Кој бил точно мотивот за страшното злосторство се уште не е со сигурност утврдено, но се претпоставува дека е љубомора и нарушени односи меѓу поранешните сопружници“, рекол изворот.

На местото на трагедијата полицијата го пронашла автомобилот на жртвата, а возачкото седиште и вратата биле облеани во крв, додека стаклото било скршено.

Тања ја претчувствувала опасноста

Таа на социјалните мрежи често објавувала свои фотографии со коментари: „Со насмевка против страв“, „Животот има смисла во сите околности“, „Тајната на среќата е слободата, тајната на слободата е храброста“ и слично, што укажува дека имала одредени проблеми, а можно е ваквите најави да се однесуваат и на нејзиниот поранешен сопруг, кој на крајот решил на монструозен начин да крене рака кон неа.

Убиецот во понеделникот веднаш бил уапсен и сослушан, а во моментот кога давал изјава пред надлежните органи, Тања починала во болница.

Како што пренесуваат германските медиуми, убиецот ја следел Тања која го управувала нејзиниот „опел“ и во еден момент ја престигнал на автопатот и практично и го пресекол патот, принудувајќи ја да застане на крајната десна лента за запирање на бозилата.

Убиецот потоа излегол од својот автомобил и ја нападнал жената зад воланот. Тој го скршил прозорецот на автомобилот на несреќната жена и ја отворил вратата, по што без двоумење извадил нож и ја прободел во вратот. Тања П., во тешка состојба била пренесена во болница, каде и била направена итна операција, но два дена подоцна им подлегнала на тешките повреди.

Мајка на две деца од брак со познат пејач

Тања зад себе оставила две возрасни деца кои ги добила од бракот со еден познат пејач од Шабац.

– Точно е дека Тања беше во брак со познатиот пејач од Шабац М.Т, со кој има две возрасни деца, син и ќерка. Синот работи со татко му во Шабац, а ќерката е на универзитетот во Нови Сад – изјави за Новости сосед на семејството на жртвата.

Тој додава дека Тања била прекрасна и благородна личност.

– Тања беше прекрасна личност. Сите ја сакаа во крајот. Имаше големо човечко срце, кое ја чувствуваше сечија болка и секогаш кога можеше им помагаше на луѓето. Беше многу приврзана за семејството во селото, каде што живеат нејзината мајка и брат – вели соседот.

Тага владее во селото Коренита во куќата на семејството на Тања. Се собираат нејзините најблиски, роднини, пријатели, соседи, кумови. Сите се во неверување.

Тања ќе биде погребана денеска на 27 март во селото Коренита, кое е блиску до нејзиното родно место.

– Беше и добра мајка и добра братучетка, ќерка, комшика – велат во центарот на соседното село Брезјак кај селската црква.

Свештеникот вели дека Тања била посветена на верата и дека доаѓала на литургии кога била во Србија.