По нападот на Хамас врз Израел, многу медиуми потсетија на зборовите на Владимир Жириновски, поранешниот претседател на Либерално-демократската партија на Русија, кој почина во 2022 година.

Во 2019 година, во ТВ емисија во која учествуваа и украински експерти, тој изјави:

„ Овие избори беа вашите последни (во Украина). Нема да имате избори во 2024 година затоа што нема да има земја што се вика Украина! Не ја земате предвид ситуацијата на Блискиот Исток. Таму ќе се случуваат такви настани што сите ќе заборават на Украина. Тоа дури може да доведе до Трета светска војна. И Иран не е Виетнам, не е Северна Кореја, не е Косово. Ќе има најстрашни настани!, изјави тогаш тој.