Ученик од основно училиште во Загреб утрово со нож повредил наставничка и неколку деца, јавија хрватските медиуми. При нападот, едно дете загинало.
Инцидентот се случил во ОУ „Пречко“ во Загреб.
„Денеска, 20 декември, околу 9:50 часот, млад човек со остар предмет повреди наставник и неколку ученици во образовна институција во Загреб. Напаѓачот е под полициски надзор, а на повредените им е укажана лекарска помош“, соопшти полицијата.
Едно дете загина утрово во напад извршен најверојатно од 15 – годишник во училиште во Загреб.
Засега нема потврда од полицијата за таа информација. Медиумот се повикува од свои извори во загребска болница.
Според ХРТ, напаѓачот влегот во училиштето со нож и почнал да напаѓа деца од прво одделение. Засега не се знае дали жртвата и повредените се од тоа одделение или има и од други.
Премиерот Андреј Пленковиќ претпладнево изјави дека на местото на инцидентот има министри и изрази жалење до семејствата на повредените деца.
Ранетата наставничка со хеликоптер е однесена во болница. Во Хрватска денеска е крај на првото полугодие во училиштата.