На патот Бачки Петровац – Силбаш, кај Бачки Петровац во автономната српска покраина Војводина, во петокот околу 21 часот се случила тешка сообраќајна несреќа во која за среќа нема потешко повредени.
Како што нјавуваат српските медиуми, З.М.(49) од Ковиљ управувал патничко возило „рено лагуна“ со словенечка регистрација. Тој поради возење со неприлагодена брзина изгубил контрола над возилото преминал на коловозната лента од спротивниот правец наменета за сообраќај на возила.
– Во таа прилика удрил во патнички автомобил „шкода суперб“, белградска регистрација, управуван од И.И.(33) од Ратково, а пак чие возило удрило во „ауди А3“ со новосадска регистрација, зад чиј волан бил М.К. (53) од Нови Сад. На возачите им бил направен алкотест, но немале алкохол, велат оттаму.
Засега не е познат степенот на повредите со се здобиле возачите З.М и И.И., како и сопатникот во неговото возило И.И. (29) од Ратково, кои се пренесени во Универзитетската клиника во Војводина.
– Сцената беше морничава. Автомобили искршени, мислевме дека нема преживеани бидејќи изгледаше страшно. За среќа, слушнавме дека само некои од нив се повредени и тоа несериозно, што, фала богу, е неверојатно, кога ќе се погледнат автомобилите, вели еден од возачите кој случајно се нашол на тој дел од патот каде што се случила несреќата.