Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа што доцна синоќа се случила на автопатот кај Иваниќ-Град во Хрватска, извести загрепската полиција, пренесува Index.hr.

Несреќата се случила околу 22 часот и 30 минути на автопатот А3, клучка Иваниќ-Град, во правец на Загреб, соопшти полицијата, не откривајќи ги деталите за сообраќајната несреќа во која учествувал еден автомобил.

– Едно лице загина, а едно е тешко повредено, се вели во соопштението.

Повеќе информации ќе бидат познати по истрагата.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸