Момчето Коста Кецмановиќ (13) во средата, на 3 мај, изврши тешко кривично дело во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар кога уби осум ученици и еден обезбедувач во образовната установа. Мајката и сестрата на масовниот убиец оттогаш не се во семејниот стан на Кецмановиќ, а како што дознава Република.рс нема ниту да се вратат таму.
Родителите на Коста Кецмановиќ се угледни белградски интелектуалци, големи експерти во своите области. Таткото е познат доктор, специјалист по радиологија, а мајката е асистент на Биолошкиот факултет во Белград, каде работи научна работа. По хоророт што го направи Коста, таткото Владимир Кецмановиќ е во притвор, а за мајката Миљана Кецмановиќ и нејзиното помало дете, десетгодишната ќерка, се грижат роднини надвор од Белград.
Како што дознава порталот Republika.rs од кругот на познаниците на Кецмановиќ, Миљана се уште е во шок и собира сили некако да се грижи за помалата ќерка, на која ѝ се слошило за време на часот по пијано кога дознала што направил нејзиниот брат.
– Мајката на Коста, иако е силна жена, не може да се вразуми по злосторството на нејзиниот син. Колку е потресена не се опишува со зборови – вели познаник на Кецмановиќ.
Според соговорникот, Миљана не планира да се врати во станот во кој живееле како семејство. Таа дури размислува да го продаде. Покрај тешките спомени кои не би сакала да ги врати, таа се грижи и за безбедноста на ќерка си, но и за себе.