Студенскиот пленум кој беше најавен во 13:00 часот пред платото на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се пренасочува и истиот ќе се одржи во ходникот на Филозофскиот факултет при УКИМ.
Од Студенскиот пленум порачаа дека протестот не е отворен за новинари и доколку се настојува од страна на новинските екипи да го снимаат, ќе го бојкотираат.
Еден од организаторите на настанот со разглас излезе пред платото на универзитетот и упати апел кон медиумите да го напуштат настанот и нагласи дека пленумот ќе се одржи зад затворени врати без присуство на новинари.
Од тоа што може да се забележи, бројноста на студентите кои го поддржуваат овој пленум е мала, пишува порталот Локално.мк.
Loading...
Loading...