На денешното рочиште за двојното убиство на Вања и Панче, сведочеше обвинетиот Велибор Манев.
Додека траеше сведочењето на Велибор Манев, обвинет за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, му се слоши на обвинетиот Александар Ѓорчевски, кој е татко на убиената Вања. Ова се случи додека Манев раскажуваше како е грабната Вања, кој бил планот, но и како е убиена. Манев до најситен детал го раскажуваше планот.
Александар, таткото на Вања Ѓорчевска, не можејќи да го слуша сведочењето на Велибор Манев за грабнувањето на Вања, заплаче во судница, па судењето беше прекинато.
Манев седна пред говорницата и се сврти кон другата страна кон ѕидот, не можејќи да го гледа таткото Александар.
Александар Ѓорчевски беше изнесен од судницата, по што беше дадена пауза од 10 минути. Претходно Манев во сведочењето кажа дека Палчо му покажувал фотографии на 40-годишна жена, а не на девојче, кое требало да се грабне.
Судијата даде пауза, а Ѓорчевски беше изнесен и вратен во судницата. Му беа дадени медикаменти. Судењето ќе продолжи.