Најмалку 20 луѓе се повредени во несреќа на два возови во Египет. По судирот двата завршиле во река. Повредените се пренесени во болница.
Несреќата се случила во провинцијата Миња, 270 километри јужно од Каиро, кога локомотивата удрила во задниот дел на возот кој летал за главниот град на Египет, објави националната железница, пренесе агенцијата АП.
Ова е втора железничка несреќа во Египет за краток период. Минатиот месец се судрија два патнички воза кога загинаа тројца луѓе.