Доколку астероидот 101955 Bennu би удрил во Земјата во иднина, вселенската карпа би предизвикала огромна штета иако е многу помала од астероидот што ги збриша диносаурусите, покажало новото истражување.
Шансата тоа да се случи во 2182 година, за 157 години од сега, моментално е 0,037 отсто, пренесува CNN.
Бену е астероид со средна големина – неговиот дијаметар е околу 500 метри. За споредба, астероидот што ја погоди Земјата и поголемиот дел од животот на планетата бил со дијаметар од околу 10 километри. Тоа е последниот познат голем астероид кој нѐ удрил.
Иако е мала, шансата Бену да удри во Земјата не е занемарлива, па истражувачите проучувале какво влијание би имало тоа и ги објавиле резултатите во списанието Science Advances.
Влијанието ќе доведе до глобална зима и драстично заладување на планетата, заклучија тие.
„Нашите предци можеби се соочиле со некаков удар на астероид со средна големина, што би можело да има потенцијално влијание врз човечката еволуција, дури и врз нашиот генетски состав“, рече д-р Лан Даи, истражувач во Центарот за климатска физика на Националниот универзитет Пусан во Јужна Кореја.
Истражувачите користеле климатски модели и помош од суперкомпјутерот Алеф за да извршат различни сценарија доколку Бену удри на Земјата, главно фокусирајќи се на ефектите од инјектирање од 100 до 400 милиони тони материјал во атмосферата на Земјата. Резултатите покажале драматични нарушувања во хемискиот состав на атмосферата и климата на нашата планета во рок од три до четири години по ударот на астероидот.
Првично, ударот ќе создаде голем кратер и ќе предизвика исфрлање на материјалот во воздухот во близина на местото на ударот. Судирот би генерирал силен ударен бран и земјотреси, изјави д-р Дај. Големи количини на аеросоли и гасови ослободени од ударот би можеле да се издигнат во атмосферата, менувајќи ја климата на долг рок, додаде таа.
Доколку Бену удри во океан, тоа би предизвикало огромни цунами и ослободување на големи количини на водена пареа во воздухот. Овие настани би можеле да предизвикаат глобално осиромашување на озонската обвивка во горниот дел на атмосферата што може да трае со години.
– Прашината, саѓите и сулфурот со години би довеле до ладење. Најинтензивното сценарио, со 400 милиони тони прашина во атмосферата, би довело до глобална зима“, изјави Деј за Си-Ен-Ен.
Иако современите луѓе не би го преживеале ударот на астероидот, д-р Дај ги споредил ефектите врз животната средина со други „катастрофи што го блокираат сонцето“, како што се големите вулкански ерупции. Се верува дека ударот на Бену би предизвикал слично ладење на планетата како кога Тоба на Суматра имал супер ерупција пред 74.000 години и ја нарушил климата.
– Многу од претходните шокови беа значително поголеми, со потешки и подолготрајни ефекти. Оваа студија е особено интересна, бидејќи покажува дека дури и релативно малите удари можат да испуштаат доволно прашина за сериозно да ја ограничат фотосинтезата, што доведува до сериозни проблеми во синџирот на исхрана. „Веруваме дека слични настани се случиле порано во историјата на Земјата, но со уште поекстремни намалувања на примарната продуктивност“, рече Надја Драбон, професорка по геологија и планетарни науки на Универзитетот Харвард, која не беше вклучена во истражувањето.
Најнеочекуваниот резултат од студијата го покажа необичното однесување на планктонот во морињата и океаните. Истражувачите очекувале малите организми брзо да се намалуваат и полека да закрепнуваат. Сепак, планктонот најверојатно ќе се опорави во рок од 6 месеци, а потоа ќе се зголеми до нивоа што не се забележани во нормални климатски услови, додаде д-р Дај.
– Важно е да се препознае дека влијанијата на Земјата се неизбежни, прашање е само кога и колку ќе бидат големи. Секој знае за ударот што ги убил диносаурусите. Сепак, многу е поголема веројатноста да се случат помали влијанија, и затоа проучувањето на нивните ефекти е од клучно значење, рече Драбон.
Бену во последните години често беше во центарот на вниманието. Вселенското летало Озирис-Рекс на НАСА собрало примероци од овој астероид и ги донесе на Земјата на 24 септември 2023 година. Леталото патувало приближно 6,21 милијарди километри за време на својата 7-годишна мисија. Во примероците биле откриени органски соединенија и минерали неопходни за појава и развој на животот.