Трагичната автобуска несреќа која вчера се случи во Хрватска продолжува да биде главна тема во медиумите во регионот, а хрватските медиуми пренесуваат и сведоштво на еден од повредените.

– Никогаш нема да го заборавам ова, беше моментално и одеднаш луѓето започнаа да паѓаат едни врз други, вели во своето сведоштво преживеан од автобуската несреќа во Хрватска.

Патникот Рамо Гаши за медиумите откри низ каков пекол поминале со неговата сопруга. Тој откри дека сакал да патува со авион, но неговата сопруга инсистирала да патуваат со автобус.

-Патувањето беше добро, немавме спиено до 05:00 часот сабајле, бидејќи имаше млади кои пееја цела вечер. Но кога сум заспал слушнав звуци. Секунди беа во прашање. Само видов како паѓам, работите паѓаа, видов дека една жена е мртва. Се беше уништено околу нас, луѓето паѓаа еден врз друг. Сакав да одиме со авион, затоа што патувањето од Штутгарт до Приштина трае еден час и половина повеќе, но таа инсистираше да одиме со автобус. Некогаш нема да го заборавам ова, рекол Гаши за медиумите.

Во трагичната несреќа животот го загубија 10 лица, 15 се тешко повредени, а на уште на 30 лица им била пружена медицинска помош.