Од мајката најмногу зависи. Секогаш имај ги на ум овие три нешта:

Прво: Остави го своето дете без ручек. Твоето дете треба да дознае, што значи да се биде гладен и треба да биде способно, понекогаш во животот да го даде својот ручек на гладните.

Второ: Никогаш не му дозволувај на своето дете да зборува зло за другите луѓе пред да го признае и да се покае за своето зло. Светот може да го поправи, само оној кој е во состојба себе да се поправи.

Трето: Не го учи твоето дете на себичност. Да се научи детето на себичност значи да се повтори науката, која природата веќе му ја дала со неговото зачнување. Но, колку ти мајко и да го учиш на несебичност, никогаш потполно нема да ја победиш природата. Затоа не престанувај, секое утро да го советуваш својот син: “дај сине од се’ што имаш доволно, еден дел на твоите другари кои немаат ништо”.

Секоја вечер не престанувај да бараш сметка за неговите добри дела за тој ден. Биди свештеник на својот син – свештеничката должност постои за да ги револтира луѓето против злото – и твојот дом ќе биде храм. Не сокривај од својот син дека злото во овој свет има висок и темелен престол, кому што милиони луѓе деноноќно му се клањаат. Но, утврди го во верата, дека тој не спаѓа во тие милиони, кои се поклонуваат на злото и дека е предодреден за војник на доброто.

Светиот Владика Николaj