Саша Кулишиќ, кој на почетокот на неделата беше брутално убиен во Добој, подолг период бил труен со лекот „Треана“, кој може да се набави само на рецепт.

Според соопштението на Окружниот суд во Добој, неговата малолетна ќерка (14) кобната вечер истурила неколку здробени таблети во лимонадата на нејзиниот татко.

Според информациите, таа вечерта помешала неколку „Треана“ таблети со лимонада и му дала на татко ѝ да се напие, а лекот за неа претходно го набавила тетка ѝ, односно сестрата на мајка ѝ

Потребен е рецепт за купување на овој лек, имајќи предвид дека се работи за антипсихотик кој се користи во лекувањето на шизофренија, биполарно растројство и болест со симптоми како што се замислување дека слушате, гледате или чувствувате работи кои не се таму, лажни верувања, невообичаена сомничавост и слично.

Лековите од овој тип може да предизвикаат невообичаени движења, главно на лицето или јазикот. Многу ретко, лековите од овој тип предизвикуваат комбинација на треска, забрзано дишење, потење, вкочанетост на мускулите и поспаност. Забележано е и зголемување на телесната тежина при употреба на лекот.

Саша Кулишиќ, според тврдењата на познавачите, имал најмногу нуспојави од тој лек и поради тоа се консултирал со лекар, но неговите наоди секогаш биле уредни.