Не е тајна дека жените и мажите имаат различни мислења за секс позите, а со тоа и различни преференции.
Ова уште еднаш го потврди истражувањето за сексуално задоволство во кое учествувале 1.111 жени од различна возраст.
Едно од прашањата во анкетата беше за најлошата поза во сексот. Излегува дека на жените најмалку им се допаѓа позата што навистина им се допаѓа на мажите – „свртена јавачка“.
Зад ова име стои поза во која маж лежи на грб, а жена седи или чучнува на него со свртен грб.
Во истражувањето на машкото списание Men’s Health, токму „свртената јавачка“, мажите ја наведоа како поза што би сакале да ја практикуваат што е можно повеќе со своите партнерки. А зошто не е привлечна за жените?
Според исповедта на испитаничките во анкетата, тие оваа поза ја сметаат за доста здодевна и монотона. Им недостига погледот кон партнерот кој ја обезбедува посакуваната доза на интимност.
Со вртење грб се оддалечуваат од партнерот кој поради оддалеченоста и нивната лежечка положба тешко може да обезбеди рачна стимулација на нивните ерогени зони.
Признаа и дека поради сите споменати фактори тешко достигнуваат оргазам во оваа поза.