Со трогателни пораки, пријателите, роднините и познаниците на Рафаела Пицикалис се простија од 21-годишната девојка која ја загуби битката со ракот и почина во специјализираниот центар за рак MD-Anderson, во Хјустон, каде што беше хоспитализирана.

Младата дама од Ханија (соседна Грција) била во болница од почетокот на август 2023 година, бидејќи и бил дијагностициран редок облик на рак, Јуингов сарком.

За жал, и покрај третманите, операциите и поддршката што ја добила, младата девојка не успеала и починала неколку дена по нејзиниот 21 роденден.