Марко Ѓ. (38) кој загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска на патот Бор-Зајечар, како што дознаваат српските медиуми од познаници, со семејството заминал во селото Мала Река кај Књажевац.

– Сите заедно отидоа во селото. Преку медиумите слушнавме дека се случила сообраќајна несреќа, а кога подоцна дознавме дека Марко и неговиот помал син загинале, бевме толку потресени што не можевме да поверуваме. Неговата сопруга е бремена. Не знам што да кажам, прекрасни луѓе, ова е голема трагедија – вели еден познаник.

Марко управувал „ауди“ и од здобиените повреди починал на лице место, додека во Општата болница во Бор на повредите им подлегнал неговиот осумгодишен син Н.Ѓ.

Во автомобилот во моментот на несреќата била сопругата на Марко, која била згрижена на Гинекологија, а нивното постаро дете (13) се здобило со скршеница на бутната коска и било пренесено во Клиничкиот центар во Ниш.

Според првите неофицијални информации, несреќата се случила кога камионот не му отстапил првенство на минување на патничкото возило.

📸

Притвор за возачот на камионот

Припадници на МВР во Бор го уапсија Р.Б.(63) од Чиќевац поради сомнение дека сторил кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај.

Осомничениот кој го управувал камионот се товари дека не му дал првенство на минување на 38-годишниот возач на автомобилот „ауди“ на патот Бор-Зајечар, по што се судриле две возила во кои две лица загинале, а две се повредени.

Од здобиените повреди возачот на „аудито“ починал на лице место, додека осумгодишното дете кое било сопатник во тоа возило, им подлегнало на повредите во болницата Бор.

По наредба на Основното јавно обвинителство Бор, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен кај обвинител.