Девека Роуз (29) е обвинета за ненамерно убиство и занемарување на децата, бидејќи нејзините четворица синови – момчињата Кајсон и Брајсон (4) и Лејтон и Логан (3) починаа од задушување поради пожар во стан во 2021 година.
Девека ги оставила момчињата сами во станот и отишла во продавница. Соседите слушнале како малите деца врескаат, но додека стигнале до нив веќе било доцна.
Момчињата се сокриле под креветот од огнот и таму се задушиле.
Судењето на мајката започна пред судот во Лондон. Сè уште не е познато како избувнал пожарот, но пожарот можеле да го предизвикаат цигара или превртена свеќа.
Она што е неспорно е дека децата живееле во страшни услови. Станот бил полн со ѓубре, близнаците морале да живеат меѓу човечки измет, а купиштата ѓубре привлекувале стаорци.
Мајката рече дека отишла на шопинг на 16 декември затоа што „полудувала“. Социјалните служби веќе беа свесни за проблемот неколку месеци пред драмата бидејќи предната градина беше полна со ѓубре.
Кога мајката се вратила дома и ги видела пожарникарите, истрчала кај соседите.