Во страшна сообраќајка во Подравина (Хрватска), на патот меѓу Козаревац и Клоштар Подравски, загина 25 годишната Н.В., јавуваат хрватските медиуми.
Според полицијата, таа управувала автомобил „алфа ромео“ кога излетала надвор од коловозот, удрила во бетонска ограда, а потоа во дрво.
Полицијата се уште не ја утврдила причината за несреќата.
Од здобиените повреди девојката починала на лице место, а телото е пренесено на патолошкиот оддел во Општата болница во Копривница каде ќе се врши обдукција.
Таа непосредно пред несреќата го однела својот невенчан сопруг на работа во Клоштар Подравски, а во моментот на несреќата се враќала дома.
– Беше бремена со уште едно дете. Беше во вториот месец, а зад себе остави четиригодишна ќерка, пишуваат хрватските медиуми.
Невенчаниот сопруг набрзо пристигнал на местото на несреќата и во шок и неверување на новинарите им кажал дека не поминале ни 15 минути откако го оставила на работа, односно како дошло до несреќата и кога му кажале.
📷
📷
📷
📷
📷