Младиот Елвис Терзиќ, за кого балканските медиуми изминатиов период пишуваа дека води борба за живот откако беше заразен со Ковид-19, а потоа и итно префрлен во турска клиника, за жал починал рано утрово, јавува босански „Аваз“.

Тажната вест ја потврдија утрово од фудбалскиот клуб Фамос, чиј поранешен член беше Терзиќ. Сараевскиот нисколигаш со жалење извести дека Терзиќ ја загубил битката.

– Со длабока тага ги известуваме пријателите на клубот дека нашиот Елвис Терзиќ Терза ја загуби борбата на овој свет. Пред екипата на ФК На семејството му посакуваме многу сила во овие тешки моменти. На нашиот Терза, Бог да му дподари убав Рај и вечна милост на неговата благородна душа. Времето и датумот на погребот ќе бидат објавени подоцна, се вели во соопштението.

Претходните денови Терзиќ имаше голема борба со коронавирусот, а во еден момент пристигнаа ветувачки вести за неговата состојба.

На 17-ти декември, Терзиќ итно со авион во критична состојба беше префрлен на турска клиника, а ниту лекарите не ја знаеја точната дијагноза. На 21-ви декември пристигнаа охрабрувачки вести од Турција, дека неговата состојба се подобрува и тој диши без кислородна поддршка

Неговиот живот се промени откако заболе од коронавирусот, кој остави трага на него. Лекарите не можеа да ја утврдат точната дијагноза.

Поранешниот капитен на босанската фудбалска репрезентација Емир Спахиќ се вклучи во битката за помош на Терзиќ и апочнал акција за собирање средства, но на крајот, за жал, Елвис ја загуби оваа животна битка. Терзиќ зад себе ги остави ќеркичката Ајлин и неговата сопруга.