Синот на легендарниот хармоникаш Мирко Кодиќ, Александар (30) почина синоќа во својот стан, а неговиот татко низ солзи ја потврди трагичната вест. Наследникот на хармоникашот ненадејно починал во станот во кој живеел, а таму набрзо пристигнал и Мирко. Причината за смртта се уште не е позната.

Според српските медиуми, Александар се пожалил дека последните денови не се чувствува добро, па отишол да спие и не се разбудил. Да потсетиме, Мирко Кодиќ важи за еден од најпознатите хармоникаши од просторот на поранешна Југославија, а од првиот брак го доби синот Александар.

Хармоникашот пред три години откри дека неговиот наследник бил вработен како шанкер во ресторан во Врачар, кој се наоѓа во близина на храмот Свети Сава, а кој е во сопственост на познатиот српски кошаркар Дејан Бодирога.

– Точно е дека Александар работи како шанкер на кошаркарот Дејан Бодирога во ексклузивен ресторан во Врачар. Горд сум на него колку е добар и вреден – изјави тогаш Кодиќ.

Инаку, хармоникашот се женеше три пати. Покрај Александар, од претходните бракови го има и синот Владимир, а со последната сопруга Силвија ја има ќерката Ребека.