Италијанскиот моден дизајнер Давиде Рене почина девет дена откако стана креативен директор на „Москино“, на 46-годишна возраст. Причината за смртта не е позната, но матичната компанија „Aeffe“ наведува дека станува збор за „ненадејна болест“. Тој почина вчера во Милано, јави Би-Би-Си.

Рене претходно беше задолжен за женската гардероба во „Гучи“, каде работеше речиси 20 години.

Компанијата „Aeffe“ наведува: „Нема зборови со кои можеме да ја опишеме болката што ја чувствуваме во овој драматичен момент“. Иако беше со нас кратко, Давиде веднаш не натера да го сакаме и почитуваме.

Рене е роден во Тоскана во јули 1977 година. Студирал на Универзитетот во Фиренца и на модното училиште Полимода. Кариерата ја започна работејќи со менторот Алесандро Дел Аква, пред да почне да работи за „Гучи“. Во февруари, тој требаше да дебитира за Москино со првата колекција.