Со тешко и скршено срце ве известуваме дека Александар Петровски Гранџ, синоќа ненадејно го напушти овој свет и замина во вечноста, објави групата Cruel / Крул на социјалните мрежи.
– Ќе го паметиме како дел од првиот состав на нашиот бенд, но и како човек со меко и добро срце кој ги преточуваше емоциите во памук меки мелодии. Незаменлив. Ќе фалиш Гранџ и нема да бидеш никогаш заборавен! Сочуство до семејството, стои во објавата.