ИГОР ПОЧИВАЈ ВО МИР ! Тажен ден ми беше денеска, млад почина Игор Павловски Фаца од Бутел. Бутелчанец по дефиниција, ако не го знаш Фаца исто како да не си од Бутел. Многу сакаше да помага на луѓе.
Сакам да кажам неколку зборови и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел. Фаца беше така воспитуван и така остана секогаш, ВМРО. Неговиот покоен татко Јован, мојот наставник по историја е вистински основач на ВМРО-ДПМНЕ во овој дел од Скопје. Буквално во првите неколку луѓе заедно со неговиот близок пријател Дедо Митко Анастасовски Врапчето. Наставник кој на некој начин и мене ми ја пренесе идејата за ВМРО.
Изразувам длабоко сочуство до најблиските на Игор, Бог да го прости, напиша Дарко Костовски вчера на социјалните мрежи.
Loading...
Loading...