Џудо клубот Сеишин информира дека нивниот член, џудо ветеран, тренер и мајстор 6 дан, Маке Спиркоски починал.
Од клубот истакнуваат дека Спиркоски е еден од првите џудисти и џудо мајстори во Прилеп кој остави голема трага и придонес за македонското џудо.
„Од првиот ден кога се приклучи во нашиот клуб, покрај тоа што активно тренираше и се натпреваруваше, како дел од ветеранската екипа, беше член и на џудо репрезентацијата за ветерани.
Несебично се залагаше и даде голем придонес во развојот и едукацијата на нашите млади генерации џудисти и има големи заслуги за успесите на нашиот клуб изминатите 10 години. Исклучиво се водеше според принципите и џудо кодексот, за кои се залагаше и претставуваше пример, заедно со своите повозрасни колеги ветерани за стимулација на младите џудисти и наши членови.
Своевремено земаше активно учество во активностите на нашиот клуб кои беа од хуманитарен, натпреварувачки и тренажен процес. Нека почива во мир“, напишаа од Сејшин на Фејсбук.
Сочувство до семејството!