На околу пет километри пред Тетово на автопатот кон Скопје синоќа во сообраќајна несреќа животот го загуби 24-годишник од Свети Николе. Несреќата била пријавена во СВР Тетово околу 20.30 часот.
-Во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје возило „голф“ управувано од В.З.(24) од Свети Николе, излетало од коловозот. Возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Тетово, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
По наредба од Јавен Обвинител при ОЈО Тетово, телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција. Увид врши а екипа од СВР Тетово.