Првиот претседател на Украина, Леонид Кравчук, почина денеска, 10 мај, по долго боледување.

Ова за украинската новинска агенција „Ukranews“ го пријавил извор од неговото семејство.

„Денес, 10 мај 2022 година, во 17 часот, Леонид Макарович Кравчук, првиот претседател на независна Украина, почина по долго боледување во Киев“, стои во објавата.

Леонид Макарович Кравчук (88) беше украински политичар и прв претседател на Украина по стекнувањето независност во 1991 година.

По поразот на изборите, Кравчук се здружи со неколку украински олигарси и со нив ја основа Социјалдемократската партија на Украина. На претседателските избори во 2004 година, Кравчук го поддржа Виктор Јанукович. Во едно интервју во 2009 година, тој рече дека ја напушта политиката. На претседателските избори во 2010 година, тој ја поддржа Јулија Тимошенко, оттргнувајќи се од Јанукович.