СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

Таравари за Арбер Адеми: „Доци“ денеска се појави со чудна клиничка слика

„Претседателот на Комисијата за европски прашања, поранешниот министер за образование и наука, кој на ист вулгарен начин ги преземаше надлежностите во образованието и ги менуваше директорите кога и да ќе му текнеше во Гостивар, денеска се појави со чудна клиничка слика во Собранието! Мизерија и срам! Не од функцијата што ја држите, туку од титулата што ја држите – Доци!“, реагира по денешниот инцидент во Собранието Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар и функционер на Алијанса за Албанците.

Во својот фејсбук статус Таравари со зборот „Доци“ упатува иронична порака кон претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми, за кого пред извесно време беше објавено дека инспекцискиот надзор утврдил дека бил незаконски избран во наставно-научно звање доцент бидејќи во периодот на изборот за министер неговото работно место на ДУТ било во мирување.