Македонскиот (т)рапер Тааско во месец септември стана татко по вторпат. Неговата сопруга Наташа се породи во една приватна скопска болница каде на свет пристигна здраво и живо женско бебе кое го доби името Кирјана.

По нешто повеќе од еден месец гордите родители посакааа на јавноста да и ја претстават малата принцеза која на нивиот свет му додаде и розова боја. Првите среќни мигови кога ја добија во раце Таско ги објави на својот Инстаграм сакајќи да упати благодарност на лекарскиот тим кој се погрижил за се’ да биде во најдобар ред и Кирјана да си ја донесат дома.

-Добредојде Кирјана

По долгото чекање и исполнети срца, нашето најмалечко конечно е тука да ни ги разубави деновите и да ни донесе уште повеќе љубов и топлина во животот. Огромна благодарност упатуваме до Др. @simonidakp и целиот тим за нивната несебична посветеност, грижа и поддршка што ни ја пружија низ целиот процес. Благодарни сме за љубовта што ја добивме од семејството и пријателите и со нетрпение очекуваме да ја споделиме оваа нова авантура со вас сите. Нека ова патување биде исполнето со насмевки, здравје и благослови за сите нас.

Таско и сопругата попозната како Таша Реј на социјални мрежи, решија брзо да го прошират семејството откако пред само една година го добија синчето Лукијан кој сега е поголем бато што сега има сестричка. Лукијан и Кирјана ќе растат заедно и ќе ги радуваат мама и тато на нивното животно патување полно со љубов и предизвици.