Основниот суд во Призрен му одреди мерка притвор од 30 дена на турскиот државјанин М.Г. со живеалиште во Призрен кој е осомничен дека ги избодел своите две ќерки и сопругата, при што 15-годишна ќерка починала на самото место, а 10-годишната се бори за живот.
Тој е осомничен за три кривични дела, „Тешко убиство“, „Тешко убиство во обид“ и „Неовластено поседување, контрола или поседување оружје“, согласно Кривичниот законик на Република Косово“, се наведува во соопштението и мерката притвор ќе трае до 5 јуни.
„Судот ја зеде предвид тежината на кривичните дела, како и начинот и околностите под кои се сомнева дека се извршени кривичните дела во семејната средина, и земајќи ја предвид решителноста на обвинетиот да ги изврши кривичните дела, во оваа фаза изрекувањето на притвор е неопходно и разумно“, се наведува во соопштението на Судот.
Судот, исто така, оцени дека притворот е неопходен со оглед на тоа што обвинетиот нема постојано живеалиште во Косово.
Основното обвинителство во Призрен тврди дека М.Г., на околу 45 години, намерно ѝ го одзел животот на својата 15-годишна ќерка, ги избодел својата друга 10-годишна ќерка и неговата сопруга, за што Обвинителството побарало изрекување мерка притвор за осомничениот.
Инцидентот се случил во вторникот околу 6 часот рано наутро, кога осомничениот веднаш по утринската молитва со нож „бајонет“ ги нападнал ќерките и сопругата додека спиеле.